Саем Берлин

Од 1822 година, Саемот Берлин дејствува како организатор на меѓународни саеми и конгреси. Уникатна локација, иновативни саемски концепти, успешно конгресно работење и силен фокус на меѓународните пазари заедно со долгогодишна компетентност, професионализам и изразен услужен карактер: овие карактеристики го прават Саемот Берлин една од најуспешните и најпрофитабилните саемски компании во светот. 

Саемот Берлин располага со современа инфраструктура и 170.000 m2 изложбен простор во 26 павилјони. Одличните сообраќајни врски и достапноста на јавниот превоз, како и близината на меѓународните аеродроми и 12.000 паркинг места, го прават Саемот Берлин исклучително атрактивна локација за одржување на сите сите видови саеми. Посебна карактеристика на Саемот Белин се трите километри шини во рамките на саемскиот простор, што овозможува одржување на специјализирани саеми од областа на железничката технологија со презентација на шински возила.

 

Широк спектар на саемски настани и брендови

Понудата на Саемот Берлин опфаќа многу разновидна програма на саеми: над 100 регионални, национални и меѓународни сопствени и гостински саеми од областа на храната, туризмот, логистиката, информатичката технологија во здравството и потрошувачката електроника се одржуваат секоја година во просторот на Саемот Берлин, но и во други региони во светот.

Во портфолиото на саеми во организација на саемската куќа Берлин припаѓаат и водечките светски саеми како што се Grüne Woche, ITB Berlin, InnoTrans и Fruit Logistica.