Саем Хамбург

На просторот на Саемот Хамбург, кој се состои од 87.000 м2 изложбен простор во павилјони и 10.000 м2 надворешен простор, секоја година се одржуваат над 40 саемски манифестации во организација на саемската куќа Хамбург и други организатори, на кои учествуваат вкупно 15.000 излагачи и повеќе од 700.000 посетители.

Портфолиото на манифестации на Саемот Хамбург (Hamburg Messe und Congress GmbH) се заснова на силните стопански гранки на северногерманската метропола на реката Елба. Меѓу другото, Хамбург е домаќин на водечкиот светски саем за поморска индустрија и бродоградба (SMM), водечкиот светски саем за енергија од ветер (WindEnergy Hamburg) и на еден од водечките европски саеми за хотелиерство и гастрономија (INTERNORGA).

Саемскиот простор се наоѓа во самото срце на ханзеатскиот град Хамбург. Светски познатото хамбуршко пристаниште, центарот на градот со многубројни можности за шопинг, популарната улица Reeperbahn, многуте хотели и возбудливи трендовски квартови се наоѓаат во соседството на саемот.

Железничката и автобуската станици, близината на аеродромот, трите станици за брзиот градски воз (S-Bahn) и подземната железница (U-Bahn) како и неколку приклучоци со автопатите во непосредна близина на саемскиот простор, овозможуваат брзо и едноставно доаѓање на саемот.