Саем Познан

Саемот Познан е основан во 1921 година и денес, како дел од групацијата МТР, е водечки организатор на саемите во Полска.  Групацијата МТР е фокусирана на организирање саеми за одбрани индустриски гранки кои се во фокусот во Полска, како и во Централна и Источна Европа. Портфолиото на саемската куќа Познан се состои од околу сто саеми наменети на деловната (B2B) и пошироката публика (B2C), кои годишно привлекуваат над милион посетители од целиот свет.  

Меѓу главните саеми на Групацијата МТР се: Budma (градежна индустрија), Meble Polska (индустрија за мебел), Polagra (прехранбена индустрија), TTM (автомобилска индустрија) и ITM (индустриска технологија). Групацијата MTP е и организатор на саемите за туризам Tour Salon во Познан и ITTF во Варшава.

Саемскиот простор се наоѓа во центарот на градот Познан и опфаќа 15 павилјони со вкупна површина од 150.000 квадратни метри. До саемскиот простор се наоѓа и голем современ конгресен центар. Групацијата MTP моментално спроведува голем инвестициски проект за модернизација на саемскиот простор и придружната инфраструктура. Саемскиот простор е оддалечен седум километри од Меѓународниот аеродром Лавица.