Саем Штутгарт

Саемот Штутгарт поседува една од најголемите и најсовремени саемски инфраструктури во Европа. Повеќекратно наградуваната архитектура на новиот саемски и конгресен центар, отворен во 2007 година, обезбедува одлична платформа за одржување саеми, конгреси, изложби, стручни конференции и презентации. Во состав на саемскиот центар во Штутгарт, годишно се одржуваат повеќе од 70 манифестации на кои учествуваат над 22.000 излагачи со повеќе од 1,3 милиони посетители. Одличните воздушни, патни и железнички врски овозможуваат брзо и лесно доаѓање на саемот. Уникатноста на саемскиот центар во Штутгарт е неговата непосредна близина до аеродромот: потребни се само три минути пешачење од аеродромот до саемот!

Саемскиот центар во Штутгарт опфаќа десет најсовремени павилјони со вкупна површина од 120.000 квадратни метри. До павилјоните е сместен ултрамодерен Меѓународен конгресен центар Stuttgart ICS со повеќе од дваесет сали со различни големини (за 20 до 4.900 луѓе) со вкупен капацитет од 10.000 седишта.

Меѓу главните саемски манифестации на Саемот Штутгарт се саемите CMT (водечкиот светски саем за туризам за пошироката публика), R+T (водечкиот светски стручен саем за ролетни, врати и заштита од сонце), AMB (меѓународен стручен саем за обработка на метали), Intergastra (меѓународен стручен саем за угостителство и хотелска индустрија) и Interbad (меѓународен стручен саем за базени, сауни и спа содржини).