
Bazaar Berlin
Водечки германски продажен саем за етно производи, традиционални и уметнички производи
Датум на одржување: 5. 11. - 9. 11. 2025 Место на одржување: Берлин Рок за пријава: 31. 5. 2025 ПријаваЗа саемот
Повеќе од 60 години, саемот Bazaar Berlin е најважниот меѓународен продажен саем во Германија за уметнички и занаетчиски производи, дизајн, природни производи и производи кои се тргуваат според принципите на фер трговија (fair trade) и кои се засноваат на општествено прифатливи начини на производство.
Берлинчаните се ентузијастички купувачи на врвни и одржливи производи кои ја ценат разновидноста на понудата, природните материјали и високиот квалитет на рачно изработените производи на овој саем. Затоа, Bazaar Berlin е неизбежна дестинација во пресрет на Божиќ за над 30.000 посетители секоја година, во потрага по оригинални и уникатни производи што ги нудат излагачите од повеќе од 60 земји.
Со својата посебна атмосфера, Bazaar Berlin дава совршена можност за презентација на производите и е идеална платформа за директно пласирање на производи, тестирање на пазарот и воспоставување нови деловни контакти.
Саемот е поделен на пет тематски целини: WORLD MARKET, NATURAL LIVING, FAIR & SOCIAL, ART & STYLE, WINTER AT HOME.
Доколку сте заинтересирани за излагање на саемот, контактирајте нè за да Ве упатиме во сите поединости.
Контактирајте нèКако службено застапништво на саемот, на стручните посетители им нудиме можност за нарачка на влезници во претпродажба по поповолни услови.
Нарачајте