
Boat & Fun
Меѓународен саем за наутика и водени спортови
Датум на одржување: 27. 11. - 30. 11. 2025 Место на одржување: Берлин ПријаваЗа саемот
Околината на главниот град на Германија е најголемата област за водени спортови на внатрешните води во Европа. Бројните езера и реки и блиското Балтичко море се рај за љубителите на водените спортови, наутичарите, љубителите на природата и риболовот и за сите оние кои сакаат тоа да постанат. Затоа, Берлин е вистинското место за одржување на саемот за наутика и водени спортови.
На саемот BOAT & FUN BERLIN, посетителите можат директно да ја доживеат фасцинацијата на водените спортови и наутиката со широката понуда на разновидни мали и средни пловила. Во овој сегмент, саемот BOAT & FUN BERLIN е еден од водечките саеми во Европа со најголем избор на пловила: од моторни чамци и јахти до едрилици и едреници. Традиционалните едрилици и моторни чамци се сместени во павилјон посветен на класичните пловни објекти, каде што производителите на дрвени чамци ги претставуваат своите најубави модели на реставрирани класични пловила. Меѓу излагачите на саемот се застапени и чартер агенции, на кои саемот им нуди можност за директен пласман на нивните услуги.
На крајот на секое лето, во состав на брендот на саемот BOAT & FUN се одржува и саемот BOAT & FUN INWATER во градот Вердер (Хавел) на езерото Цернзе (околу 40 км од Берлин). Тука, излагачите можат да презентираат, а посетителите можат да ги доживеат пловилата во нивниот природен елемент.
Доколку сте заинтересирани за излагање на саемот, контактирајте нè за да Ве упатиме во сите поединости.
Контактирајте нèКако службено застапништво на саемот, на стручните посетители им нудиме можност за нарачка на влезници во претпродажба по поповолни услови.
Нарачајте