
CastForge
Меѓународен стручен саем за леење и ковање со обработка
Датум на одржување: 9. 6. - 11. 6. 2026 Место на одржување: Штутгарт Рок за пријава: 31. 7. 2025 ПријаваЗа саемот
Стручниот саем CastForge е фокусиран на леени и ковани производи и нивна обработка, а премиерно се одржа во 2018 година. На саемот се презентира целиот синџир на вредности во овој сектор: од леени и ковани подготовки до финални производи и делови. На саемот учествуваат меѓународни излагачи кои ги презентираат своите производи пред стручната публика од областа на производството на машини и постројки, автомобилска и погонска технологија, производство на градежни машини, пумпи и хидраулика, како и од добавувачката индустрија. Со саемот CastForge, саемската куќа Штутгарт на производителите им нуди сопствена платформа за да ги претстават своите производи од леен челик, сиво и нодуларно леење и отковки, пред меѓународната деловна публика.
Комплексноста на производите и барањата кои се поставуваат за леени и ковани производи се сè поголеми, а за купувачите е важно да обезбедат производ со врвен квалитет подготвен за вградување. Во тој поглед, саемот CastForge ги спојува понудата и побарувачката – од необработени одливки и отковки преку машинска обработка до финален производ.
Изложбени области
- Леени производи (одливки)
- Ковани производи (отковки)
- Обработка на одливки и отковки
- Делови
- Истражување, образование
- Услуги
Доколку сте заинтересирани за излагање на саемот, контактирајте нè за да Ве упатиме во сите поединости.
Контактирајте нèКако службено застапништво на саемот, на стручните посетители им нудиме можност за нарачка на влезници во претпродажба по поповолни услови.
Нарачајте