
CMT
Најголем светски саем за туризам за широка публика
Датум на одржување: 17. 1. - 25. 1. 2026 Место на одржување: Штутгарт ПријаваЗа саемот
Годишниот одмор и патувањето се во центарот на вниманието на саемот CMT, кој се одржува на почетокот на секоја година во организација на саемската куќа Штутгарт. Излагачите од целиот свет на саемот CMT преку три главни (туризам, караванство и мобилност) и три специјални сегменти презентираат патувања во сите форми – од паушални и индивидуални патувања, преку крстарења и велнес до спортски и авантуристички патувања.
Саемот редовно го посетуваат повеќе од 250.000 луѓе од поширокото подрачје на Германија и од соседните земји, што е еден од водечките региони според куповната моќ и стопанска сила во Европа. Веднаш на почетокот на годината, саемот CMT е затоа првиот и најважен гарант за успешна продажба и маркетинг на туристички производи и место за средба на туристичката индустрија. Со над 1.500 излагачи на саемот се претставени речиси сите светски туристички дестинации.
Саемот нуди и специјална шестдневна програма за стручни посетители во која учествуваат реномирани експерти од туристичката индустрија.
Специјални изложбени сегменти
- Циклотуризам и планинарење (1 викенд на саемот)
- Голф и велнес патувања (2 викенд на саемот)
- Крстарења (2 викенд на саемот)
Доколку сте заинтересирани за излагање на саемот, контактирајте нè за да Ве упатиме во сите поединости.
Контактирајте нèКако службено застапништво на саемот, на стручните посетители им нудиме можност за нарачка на влезници во претпродажба по поповолни услови.
Нарачајте