За саемот

Саемот didacta е најголемиот саем за образование во светот и водечки стручен деловен настан на тема „настава и учење“. Како стручен саем, didacta дава сеопфатен преглед на целиот образовен сектор – од образование во раната детска возраст, преку стручното образование па сè до целоживотното учење. На саемскиот простор во Штутгарт, излагачите од цела Европа ги презентираат најновите понуди и трендови од сите области на образованието пред стручната публика.

Врвната програма за усовршување за учители, наставници и професори, воспитувачи, менаџери за стручно образование, едукатори и експерти за развој на човечките ресурси ја надополнува богатата понуда на саемот.

Саемот didacta се одржува наизменично во Штутгарт и Келн.

 

Изложбени области

  • Опрема за образовни институции
  • Образовни материјали
  • Наставни материјали
  • Аудиовизуелна технологија
  • Мултимедија
  • Информациска технологија
  • Комуникациска технологија
  • Институции за стручно оспособување
  • Конференциски центри
  • Образование во рана детска возраст
  • Опрема за училишта
  • Играчки
  • Спортски артикли