За саемот

Како водечки светски деловен саем за трговија со свежо овошје и зеленчук, саемот  FRUIT LOGISTICA претставува директен канал за пристап до глобалниот пазар. Преку четири главни сегменти (свежо овошје и зеленчук, машини и технолошки решенија, логистички решенија и услуги) саемот го опфаќа целиот синџир на вредности, од производители до потрошувачи, и дава целосен преглед на производите, услугите и решенијата за производство и трговија со свежо овошје и зеленчук. Обраќајќи им се на сите учесници на пазарот, саемот е извонредна можност за воспоставување деловни контакти со најважните целни групи на глобално ниво.

На саемот се претставуваат компании од сите големини од т.н. светски играчи преку средни компании сè до мали семејни бизниси, а се карактеризира со исклучително висок степен на интернационалност на посетителите, од кои мнозинството се носители на одлуки од сите континенти, кои ги користат трите дена на саемот за да стапат во контакт со нови и да ги интензивираат постоечките деловни контакти со партнери од целиот свет.