За саемот

GET Nord е единствениот стручен саем во северна Европа кој ги поврзува сите компоненти на санитариите, греењето, климатизацијата и техничкото опремување на зградите и ги вмрежува во тнр. паметна куќа. На овој саем, излагачите имаат можност да се претстават пред широк спектар на стручна публика која доаѓа не само од Германија, туку во голем број од другите европски земји, особено од Скандинавија, Полска и земјите на Бенелукс.

Од проектирање до реализација, на саемот GET Nord сите сектори се обединети под еден кров. Овој деловен настан нуди можност за средба и деловни контакти со инвеститори и претставници од градежниот и трговскиот сектор, со експерти од индустријата, како и со одговорните за јавните, социјалните и медицинските објекти.

 

Сегменти

  • Технички системи за згради
  • Електротехника, санитарна техника и опрема
  • Греење
  • Обновливи извори на енергија
  • Осветлување
  • Климатизација, ладење, вентилација
  • Пумпи и погонска техника
  • Водоводни инсталации
  • Алати и работна опрема
  • Услуги