За саемот

Саемот IFA е водечки светски саем за потрошувачка електроника и бела техника, кој се одржува секоја година во главниот град на Германија. Производителите од целиот свет го користат овој саем за да ги презентираат своите најнови производи и иновации пред стручната и пошироката публика од година во година.

IFA е место каде производителите, трговците и експертите од индустријата и медиумите се среќаваат еднаш годишно. Обезбедувајќи најсеопфатен преглед на меѓународниот пазар, саемот IFA е најзначајната и најефикасната деловна и маркетинг платформа на пазарот за потрошувачка електроника и бела техника на глобално ниво, за што сведочи бројот од над 150.000 деловни посетители кои го посетуваат овој саем секоја година.

Од своето премиерно издание во 1924 година, саемот постана водечки светски настан за лансирање на нови производи и технологии на пазарот, од кои многу за прв пат беа претставени пред светската публика токму на саемот IFA.