In.Stand
Саем за услуги на одржување и сервисирање во индустријата
Датум на одржување: 8. 10. - 9. 10. 2024 Место на одржување: Штутгарт ПријаваЗа саемот
На саемот IN.STAND се презентираат индустриски услуги на специјализирани сервисни компании и организациони решенија за одржување и сервисирање. Понудата на саемот се движи од советување и финансирање, преку интеграција и обука, паметни сервисни услуги и софтвери, па сè до одржување и демонтирање на погони, односно рециклирање.
Саемот IN.STAND на излагачите им нуди можност да допрат до целните групи во „срцето“ на металопреработувачката индустрија и да се сретнат со носителите на одлуки од сите релевантни сектори, пред сè од областа на машинството, автомобилската индустрија и добавувачката индустрија. Саемот е идеална можност за негување и унапредување на постоечките деловни врски и придобивање нови купувачи.
Изложбени области
- Индустриско одржување
- Одржување на погонската техника
- Техника за управување и регулирање
- Управување со погони и давање услуги на лице место
- Техничко планирање, советување и услуги
- Контролни системи за преносници
- Индустриски услуги
- Ретрофит (модернизација на погони)
- Сензори
- Софтвер и IT
- Заштита при работа
Доколку сте заинтересирани за излагање на саемот, контактирајте нè за да Ве упатиме во сите поединости.
Контактирајте нèКако службено застапништво на саемот, на стручните посетители им нудиме можност за нарачка на влезници во претпродажба по поповолни услови.
Нарачајте