За саемот

Саемот Insights-X е меѓународен стручен саем за канцелариски и училишен материјал и прибор, каде лидерите на пазарот и производители од сите големини се среќаваат во есенскиот период со деловната публика и носителите на одлуки од трговскиот сектор. Како стручен саем конципиран за и со индустријата и кој е фокусиран на лични контакти, Insights-X нуди идеални можности за пласман и примање нарачки. Покрај тоа, овој специјализиран саем нуди брз и интензивен преглед на пазарната понуда како и нови сознанија и трендови од областа на канцелариската, училишна и хоби опремата и материјалите.

За сите производители на канцелариски и училишен материјал и прибор, Insights-X е оптимална платформа за презентирање производи пред избраната стручна публика. Саемот обединува различни групи на производи од целиот сектор, овозможувајќи сеопфатна презентација на поединечни асортимани.

Во рамките на саемот, во состав на придружната програма се одржуваат низа различни настани, кои подеднакво им се обраќаат на посетителите, излагачите и претставниците на медиумите.

 

Групи на производи

  • Прибор и опрема за пишување
  • Хартија и складирање на документација
  • Хоби и креативност
  • Работна маса и канцеларија
  • Торби и додатоци
  • Книжарница и подароци