
Interbad
Меѓународен стручен саем за базени, сауни и спа содржини
Датум на одржување: 6. 10. - 8. 10. 2026 Место на одржување: Штутгарт ПријаваЗа саемот
INTERBAD е меѓународен саем кој му се обраќа и на јавниот и на приватниот сектор за базени, сауни и спа содржини. На овој саем производителите на секои две години ги презентираат своите потенцијали: креативен дизајн и врвна технологија како и квалитет, кои ги одредуваат идните мерила и насоки во оваа индустрија. Од водечки светски компании до креативни старт-ап компании, од врвна технологија до луксузен дизајн, од големи проекти до приватни инвестиции, на саемот се прикажува целиот спектар на производи и услуги.
Саемот го следи и конгресна програма во организација на Германското друштво за капечка индустрија, која овозможува професионално усовршување.
Совршената симбиоза на саемот, конгресот и рамковната програма го одликува саемот INTERBAD како единствен настан за создавање деловни контакти и освојување на нови пазари, како и за трансфер на знаење и стручна размена преку бројни предавања, најдобри примери од праксата и работилници.
Изложбени области
- Базени
- Сауни
- Медицински купки
- Велнес
- Физиотерапија
- Фитнес
- Спа
Доколку сте заинтересирани за излагање на саемот, контактирајте нè за да Ве упатиме во сите поединости.
Контактирајте нèКако службено застапништво на саемот, на стручните посетители им нудиме можност за нарачка на влезници во претпродажба по поповолни услови.
Нарачајте