
Internorga
Меѓународен саем за хотелиерство и гастрономија
Датум на одржување: 13. 3. - 17. 3. 2026 Место на одржување: Хамбург Рок за пријава: 30. 4. 2025 (Early Bird) ПријаваЗа саемот
Саемот INTERNORGA, како еден од водечките европски саеми за целиот гастрономски сектор, нуди сè што е потребно за успешно работење. Познат како извор на визионерски концепти, саемот е место за средба на експертите од целиот свет. Покрај трендовите презентирани од излагачите, иновативните натпревари, специјалните тематски изложби и врвната придружна програма ги одразуваат главните теми кои моментално ја покренуваат оваа индустрија.
Посветеност кон иновациите, разновидност на изложбената понуда и содржинска длабина: оваа тријада и доследна ориентација кон врвната стручна публика го чинат саемот INTERNORGA доверлива маркетинг и деловна платформа во гастрономската индустрија.
Единствената успешна мешавина на голем број меѓународни излагачи, возбудливи придружни настани и врвна конгресна програма овозможуваат стручните посетители брзо и едноставно да најдат сè што им е потребно за нивното работење во компактна и јасно структурирана форма.
Саемот INTERNORGA е идеална можност за подготовка на деловната година, воспоставување и одржување на деловни контакти и склучување зделки. Сè на едно место во само пет дена.
Сегменти
- Прехранбени производи и пијалоци
- Техника и опрема за кујни
- Уредување и опремување на ресторани и хотели
- Дигитални апликации
- Пакување и испорака
Доколку сте заинтересирани за излагање на саемот, контактирајте нè за да Ве упатиме во сите поединости.
Контактирајте нèКако службено застапништво на саемот, на стручните посетители им нудиме можност за нарачка на влезници во претпродажба по поповолни услови.
Нарачајте