За саемот

ITB Asia е тридневен B2B саем и конгрес на туристичката индустрија кој прв пат се одржа во 2008 година, а денес е водечки деловен настан за туристичката индустрија во азиско-пацифичкиот регион, еден од најдинамичните и најбрзо растечки туристички пазари во светот. Саемот го организира компанија ќерка на Саемот Берлин, кој е организатор на водечкиот светски саем за туризам ITB Berlin.

Саемот ITB Asia е оптимално место за средба на туристичката индустрија и форум за воспоставување квалитетни деловни контакти и склучување договори. На ова место, меѓународните излагачи од сите сегменти на туристичката индустрија се среќаваат со водечките меѓународни купувачи од различни сектори на туристичкиот синџир на вредности.

Саемот опфаќа целосна понуда на производи, услуги и стоки во туризмот, а во исто време дејствува како know-how платформа за туристичката индустрија со серија придружни конференции и настани со фокус на туристичкиот пазар во Азија и Пацификот.