
ITB Berlin
Водечки светски деловен саем за туризам
Датум на одржување: 3. 3. - 5. 3. 2026 Место на одржување: Берлин Рок за пријава: 1. 7. 2025 (Early Bird) ПријаваЗа саемот
Саемот ITB Berlin го обединува целиот свет на патувањето на едно место. Преку своите изложбени сегменти, овој саем го покрива целиот синџир на вредности на глобалната туристичка индустрија. Како водечка светска деловна платформа на туристичкиот сектор, саемот ITB Berlin е вистинското место за контакт на понудата и побарувачката. Тука се среќаваат главните носители на одлуки, експертите и купувачите од сите области на туристичнкиот синџир на вредности со цел да остварат нови деловни контакти и да склучат нови зделки, како и да се информираат за релевантни теми и актуелни трендови во туризмот.
Од своето прво издание во 1966 година, саемот ITB Berlin се разви во главен деловен настан на глобалната туристичка индустрија кој лансира нови трендови и понуди на пазарот. И покрај големината и единствената разновидност на понудата, структурата на саемот е прегледна, покрај познатата географска поставеност според дестинации, павилјоните се поделени и според сегменти кои ги отсликуваат најважните теми во туризмот во моментот. Со тоа, секој може брзо и лесно да се снајде на саемот во широкиот спектар на понуди.
Саемите ITB Asia, водечкиот деловен туристички саем за азискиот пазар, ITB China, како и ITB India се дел од глобалниот бренд ITB денеска.
ITB Berlin конгрес
Паралелно со саемот се одржува и конгресот на ITB Berlin. Овој глобално најголем и во својот концепт уникатен стручен конгрес на туристичката индустрија се етаблира како централна платформа за трансфер на знаење во туризмот (know-how). Врвните предавања за светските трендови и иновации го прават конгресот патоказ за светската туристичка индустрија. Учеството во конгресниот дел е бесплатно со валидна саемска влезница за деловните посетители.
Доколку сте заинтересирани за излагање на саемот, контактирајте нè за да Ве упатиме во сите поединости.
Контактирајте нèКако службено застапништво на саемот, на стручните посетители им нудиме можност за нарачка на влезници во претпродажба по поповолни услови.
НарачајтеСлични саеми
Reisen & Caravaning Hamburg
Водечки саем за туризам во северна Германија
Рок за пријава: 30. 4. 2025 (Early Bird) ПовеќеTouristik & Caravaning
Најголем саем за туризам во централна Германија
Рок за пријава: 30. 4. 2025 (Early Bird) Повеќе