
Medizin
Стручен саем и конгрес за медицина
Датум на одржување: 30. 1. - 1. 2. 2026 Место на одржување: Штутгарт ПријаваЗа саемот
Саемот MEDIZIN, кој се одржува на почетокот на секоја година во организација на саемската куќа Штутгарт, долги години е еден од водечките стручни настани во јужна Германија за лекарите и медицинскиот персонал. Комбинацијата на стручен саем, медицински конгрес и други настани од здравствениот сектор го чини саемот MEDIZIN драгоцена платформа за информирање и едукација. Саемот го опфаќа целиот спектар на медицинско-техничка опрема за лекарски ординации, а придружниот лекарски конгрес нуди можност за стекнување на нови стручни знаења.
Изложбени области
- Медицинска техника
- IT решенија
- Уредување и опремување на ординации и лаборатории
- Потрошен материјал
- Лекови
- Итна медицина
- Услуги, информации, стручна литература
- Физиотерапија, ерготерапија
- Здравствени производи
- Лабораториска техника
- Дијагностика
Доколку сте заинтересирани за излагање на саемот, контактирајте нè за да Ве упатиме во сите поединости.
Контактирајте нèКако службено застапништво на саемот, на стручните посетители им нудиме можност за нарачка на влезници во претпродажба по поповолни услови.
Нарачајте