За саемот

MOULDING EXPO е стручен саем наменет на секторот за производство на алати, мостри и калапи, кој се одржува во срцето на најголемиот пазар за индустриски стоки и на најсовремениот саемски простор во Европа. Овој биенален саем за прв пат е организиран во 2015 година. Во неговиот јасно структуриран концепт, саемот им се обраќа на производителите на алати, мостри и калапи, како и на соодветните корисници, како на пример од автомобилската индустрија, медицинската техника и индустријата на пластика.

Саемот опфаќа две главни изложбени области: класично производство на алати, мостри и калапи, како и системи и услуги од областа на технологијата за преработка на пластични маси и обработка на метали. Водечките компании од овие сектори на саемот го презентираат своето знаење (know-how) и производи – од калапи за вбризгано пресување и леење под притисок, преку алати за штанцање и деформирање, па сè до најновите развојни достигнувања во производството на мостри и конструкција на прототипови или во постапките на адитивното производство.

MOULDING EXPO нуди решенија за материјали во фокусирана форма: метал, пластика, керамика и композитни материјали. На саемот се застапени сите реномирани добавувачи и даватели на услуги од сегментот на производството на алати, мостри и калапи.

 

Изложбени области

  • Производство на алати, мостри и калапи
  • Делови и опрема за производство на алати, мостри и калапи
  • Алатни машини, мерна техника и машини за посебна намена за производство на алати, мостри и калапи
  • Софтвер за производство на алати, мостри и калапи
  • Постројки за адитивно производство
  • Договорно производство и услуги во производството на алати, мостри и калапи