За саемот

POLAGRA е водечки стручен саем во Полска посветен на прехранбените производи и опрема за прехранбената индустрија, угостителството и хотелиерството. 

Во сегментот FOOD за прехранбените производи се презентираат најновите производи и трендови од прехранбената индустрија. Овој сегмент секоја година го посетуваат десетици илјади деловни посетители од целиот свет кои се во потрага по нови добавувачи.

FOODTECH е сегмент посветен на опрема и технолошки решенија за производство на прехранбени производи, додека во рамките на HORECA се претставува опрема за угостителството и хотелиерството.

Саемот Polagra е основан во 1985. година и се одржува секоја година.

Преглед на изложбените сегменти на саемот можете да видите тука.