За саемот

Саемот REISEN & CARAVANING Хамбург е најголем саем за туризам во северна Германија, кој се одржува од 1978 година. На саемот се претставени излагачи од целиот свет во пет главни сегменти: туризам, караванство, циклотуризам, крстарења и гастро туризам. Во идеално време на почетокот на сезоната, саемот им нуди на излагачите совршена можност да ја презентираат туристичката понуда и директно да се сретнат со целните групи, да стекнат нови купувачи, да се позиционираат меѓу конкуренцијата, да ја зајакнат препознатливоста и да го зголемат бројот на резервации. Повеќе од 100.000 посетители редовно го посетуваат саемот секоја година.

 

Caravaning Hamburg

Овој сегмент е наменет за презентација на дестинации за кампување како и за презентација на најновите понуди од областа на кампувањето: од шатори до мобилни куќи па сè до луксузни кампери.

 

Rad Hamburg

Овој сегмент се обраќа на љубителите на активни одмори. Во него се презентираат соодветни туристички понуди и циклотуристички дестинации. Во рамките на сегментот постои и тематски парк посветен на планинарството.

 

Kreuzfahrtwelt Hamburg

Како популарна дестинација за крузери, Хамбург игра значајна улога во овој сегмент на туризмот. Оваа северно-германска метропола е домаќин на над 200 крузери годишно. Без разлика дали се работи за луксузни крузери или експедициски бродови или индивидуални чартер патувања, за сите оние кои сакаат да се информираат за крстарења по мориња и реки, овој сегмент е вистинската дестинација.

 

Genussreise

Во овој сегмент туристичките дестинации можат да се претстават и преку својата гастрономска понуда.