
Seatrade Europe
Меѓународен саем и конгрес за кружни патувања
Датум на одржување: 10. 9. - 12. 9. 2025 Место на одржување: Хамбург ПријаваЗа саемот
Со околу 800.000 патници годишно и речиси 200 крузери, Хамбург е водечка дестинација за крстарење во Германија. Тоа ја прави оваа северногерманска метропола идеална локација за одржување на меѓународниот саем и конгрес на индустријата за крстарење. Овој исклучително популарен настан кој се одржува на секои две години ги обединува клучните актери од сите сектори на европската индустрија за крстарење. Со комбинацијата на саем, врвна конгресна програма и работилници, овој настан дава можност за квалитетни деловни контакти на меѓународно ниво.
Саемот Seatrade Europe нуди врвна деловна платформа за индустријата за крстарење по мориња и реки кој на излагачите им овозможува да ги презентираат своите производи, услуги, дестинации и иновации директно на носителите на одлуки од овој сектор. Оваа манифестација нуди бројни можности за деловно вмрежување долж целиот ланец на вредности на пазарот за кружни патувања, правејќи го саемот Seatrade Europe главно место за средба на оваа индустрија.
Сегменти
- Здруженија
- Пристаништа
- Снабдувачи на пристаништа за крузери
- Менаџмент на дестинации
- Добавувачи од секторот за храна и пијалоци
- Хотели
- Воздушни превозници
- Опремување и внатрешно уредување
- Информатички и комуникациски технологии
- Опремување на кујни
- Опремуванје на марини
- Забавна програма на бродови
- Поморски агенти
- Бродоградители
- Туристички организации
- Организатори на патувања
- Земни услуги
Доколку сте заинтересирани за излагање на саемот, контактирајте нè за да Ве упатиме во сите поединости.
Контактирајте нèКако службено застапништво на саемот, на стручните посетители им нудиме можност за нарачка на влезници во претпродажба по поповолни услови.
Нарачајте