SMM
Водечки светски саем за поморска индустрија и бродоградба
Датум на одржување: 1. 9. - 4. 9. 2026 Место на одржување: Хамбург ПријаваЗа саемот
Саемот SMM е водечки меѓународен форум на поморската индустрија и идеална рамка за презентација на иновации и технологии во поморството и бродоградбата. Понудата на саемот е разновидна како и самата поморска индустрија и опфаќа производи и услуги на водечките светски компании како и на млади иновативни компании. Сеопфатната изложбена програма се движи од технологија за големи бродови и бродоградилишта, преку опрема за бродови, па сè до системи за истовар и претовар, поморска техника и поморски услуги. Присуството на актери од целиот ланец на вредности од поморската индустрија и бродоградба го чини саемот SMM совршено место за тргување и деловни контакти на глобално ниво.
Важноста на саемот SMM се одразува и во бројката од над 2.000 излагачи и околу 40.000 исклучително стручни и деловни посетители од сите краишта на светот, што го прави саемот несомнено најзначајната деловна и комуникациска платформа на светската поморска индустрија и бродоградба. Затоа, саемот SMM дава единствена можност на секои две години за средба и вмрежување со претставниците на индустријата, владите, морнарицата и науката.
Поморската традиција на Хамбург како динамичен трговски центар го прави овој град совршена локација за саемот SMM.
Сегменти
- Бродоградба и бродоградежна индустрија
- Опремување на бродови
- Погонски машини и системи
- Помошни погонски системи
- Опрема за управување со бродови
- Системи за утовар и претовар
- Електротехника, електроника
- Поморска техника
- Пристаништа, технологија за пристаништа
- Поморски услуги
- Системи за морнарицата
- Поморски агенти и закупници
- Бродари
- Медиуми
Доколку сте заинтересирани за излагање на саемот, контактирајте нè за да Ве упатиме во сите поединости.
Контактирајте нèКако службено застапништво на саемот, на стручните посетители им нудиме можност за нарачка на влезници во претпродажба по поповолни услови.
НарачајтеСлични саеми
Marine Interiors
Меѓународен стручен саем за внатрешно опремување и уредување на патнички бродови
* Повеќе