За саемот

Повеќе од 40 години, саемот SPIEL Essen е место за средба на производителите на друштвени игри, трговскиот сектор, медиумите и купувачите, каде што се претставуваат односно откриваат новитетите и трендовите, се играат и купуваат друштвени игри. Со речиси 1.000 излагачи и 200.000 посетители, саемот SPIEL Essen е најголемиот светски саем за друштвени игри наменет за широката публика која може да ги испроба презентираните игри директно на штандовите на излагачите и да ги купи на лице место.   

На овој саем, излагачите можат да остварат директен контакт со фановите на друштвените игри и да им ги претстават своите производи и новитети, а присуството на стотици новинари, блогери, јутјубери и инфлуенсери од целиот свет, го прават саемот исто така идеално место за промоција на производите. Затоа, на саемот SPIEL Essen секоја година за прв пат се презентираат и продаваат илјадници нови изданија на друштвени игри.

Иако станува збор за саем за широката публика, оваа манифестација исто така им овозможува на излагачите да остварат деловни контакти со трговските претставници, директно на штандовите или во посебните простории за состаноци. 

 

Изложба на новитети

Саемот SPIEL Essen е воглавно познат по претставување на нови друштвени игри и нови изданија на друштвени игри. Тука, на фановите, како и на трговците и на медиумите, премиерно им се презентираат сите новитети. За таа цел, ден пред отворањето на саемот постои посебен настан – Изложба на новитети, која започнува веднаш по прес-конференцијата на која учествуваат неколку стотици новинари. Овој настан е наменет за стручната публика, односно деловни посетители и новинари. Тој ден, излагачите имаат можност лично да ги претстават своите производи и директно да разговараат со деловните посетители и новинари, а презентираните новитети остануваат изложени дополнително уште два дена.

Бројот на учесници на Изложбата на новитети е ограничен, а за учество е потребна посебна пријава.