За саемот

27. 1. – 31. 1. 2026Водечкиот светски саем за играчки Spielwarenmesse®, кој се одржува на почетокот на секоја година во германскиот град Нирнберг, е место за средба на глобалниот пазар на играчки. Познати брендови, нови играчки, трендови од старт-ап компании, купувачи од големите трговски ланци, независни трговци на мало и многубројни претставници на меѓународните медиуми го прават саемот за играчки Spielwarenmesse® најважниот меѓународен настан за индустријата на играчки.

Како број 1 во светот, на овој стручен саем е застапен единствен избор на производители од сите краишта на светот кои нудат комплетен преглед на понудата на глобалниот пазар на играчки.

 

Групи на производи

  • Моделарство и макетарство на железници
  • Дрвени играчки, играчки од природни материјали
  • Lifestyle и трендови
  • Технички, едукативни играчки, акциони играчки
  • Електронски играчки
  • Училишен прибор, прибор за пишување, креативно обликување
  • Кукли, полнети играчки
  • Спорт, слободно време, активности на отворено
  • Игри, книги, учење и експериментирање
  • Артикли за бебиња и мали деца
  • Артикли за прослави, карневал, огномет
  • Мешани производи
  • Услуги за трговци и производители