
Südback
Стручен саем за пекарство и слаткарство
Датум на одржување: 24. 10. - 27. 10. 2026 Место на одржување: Штутгарт ПријаваЗа саемот
Саемот SÜDBACK е еден од најважните и најпопуларни стручни саеми за пекарство и слаткарство во германското говорно подрачје, кој посебно е насочен кон малите и средни производители. SÜDBACK е идеална платформа за презентација на производи и иновации, како и за стручно информирање и усовршување во областа на пекарството и слаткарството.
На саемот учествуваат речиси 700 излагачи кои ги презентираат своите производи и услуги на 65.000 квадратни метри изложбен простор. Понудата на саемот е заокружена со богата рамковна програма, која вклучува и пробна подготовка на пекарски и слаткарски производи. Саемот редовно го посетуваат над 35.000 деловни посетители.
Изложбени области
- Пекарски машини
- Пекарска опрема
- Печки
- Техника за ладење и климатизација
- Суровини
- Замрзната храна
- Подобрувачи
- Машини за правење сладолед
- Опремување на продажен простор
- Опрема за слаткарници
- Кафе
- Амбалажа
- Слатки
- Услуги
- Стручни публикации
Доколку сте заинтересирани за излагање на саемот, контактирајте нè за да Ве упатиме во сите поединости.
Контактирајте нèКако службено застапништво на саемот, на стручните посетители им нудиме можност за нарачка на влезници во претпродажба по поповолни услови.
Нарачајте