За саемот

Саемот Touristik & Caravaning е најголемиот саем за туризам во централна Германија, кој секоја година се одржува на просторот на Саемот Лајпциг. Саемот на излагачите им нуди можност за средба со потенцијални нови гости кои сакаат да го пронајдат своето следно патување или годишен одмор на саемот. Со тоа, овој саем дава совршена можност за презентирање на туристичката понуда пред широката и стручната публика од централна Германија, како и можност за негување на постоечките и создавање нови деловни врски и освојување на нови пазари и клиенти.

Саемот Touristik & Caravaning е многу повеќе од класичен саем за туристички дестинации. На овој саем посетителите можат да го искусат, вкусат, почувствуваат, гледаат, пробаат, избираат, подготвуваат, планираат и резервираат својот годишен одмор.

Саемот се одржува во метрополитенски регион со над 2,5 милиони жители и висока куповна моќ со просечен приход по домаќинство од над 3.000 евра.

Саемот Touristik & Caravaning се одржува од 1990 година, а во 2018 година организацијата на саемот со нов атрактивен концепт ја презеде саемската куќа Штутгарт, кој е еден од водечките европски и светски организатори на саемски манифестации.

 

Изложбени области

  • Туризам
  • Кампување
  • Циклотуризам и активности на отворено
  • Кулинарски патувања