
Veggie & Frei von
Саем за вегетаријанска и веганска исхрана
Датум на одржување: 21. 11. - 23. 11. 2025 Место на одржување: Штутгарт ПријаваЗа саемот
Уживајте во вегетаријански и вегански производи како и во здрава и одговорна исхрана: саемот VEGGIE & FREI VON ги претставува алтернативите во исхраната – од безмесно задоволство до неалергенски производи кои не користат додатоци. На овој саем луѓето кои сакаат да се хранат свесно имаат можност да се запознаат со здравата исхрана и начините за уживање во вегетаријанска или веганска храна. Покрај големата количина производи за веганска и вегетаријанска кујна и исхрана со сирова храна, саемот опфаќа и области за активно учество како што се готвење или работилници.
Целосното избегнување производи од животинско потекло станува сè попопуларно и сè поголем е бројот на оние кои наместо животински, претпочитаат да користат растителни состојки во својата кујна. Оваа изложбена област го опфаќа спектарот на веганската исхрана па сè до веганската облека и веганското домување.
Луѓето погодени со алергии и интолеранции зависат од производи без додатоци. Во овој сегмент на саемот се наоѓаат намирници без хистамин, глутен и лактоза, како и производи кои го олеснуваат секојдневниот живот со алергии или чувствителност на храна.
Саемот VEGGIE & FREI VON е дел од Есенскиот саем во Штутгарт, кој опфаќа неколку саемски манифестации. Со повеќе од 100.000 посетители, Есенскиот саем во Штутгарт е најголемата и најуспешна манифестација од ваков вид во германското говорно подрачје.
Изложбени области
- Веганска исхрана
- Вегетаријанска исхрана
- Прехранбени производи без додатоци
Доколку сте заинтересирани за излагање на саемот, контактирајте нè за да Ве упатиме во сите поединости.
Контактирајте нèКако службено застапништво на саемот, на стручните посетители им нудиме можност за нарачка на влезници во претпродажба по поповолни услови.
НарачајтеСлични саеми
Grüne Woche
Меѓународен саем за прехранбена индустрија и земјоделство
Рок за пријава: 15. 8. 2025 Повеќе