
WindEnergy Hamburg
Водечки светски саем за енергија од ветер
Датум на одржување: 22. 9. - 25. 9. 2026 Место на одржување: Хамбург ПријаваЗа саемот
Меѓународниот саем WindEnergy Hamburg е целосно посветен на главните теми за енергијата од ветер. Саемот ги собира под еден кров главните актери од областа на ветроелектраните на копно и море, а во сегментот посветен на технологиите за складирање енергија нуди посебно знаење (know-how). На саемот, излагачите од комплетниот ланец на вредности од енергијата на ветерот имаат можност да ги претстават своите иновативни решенија, производи и услуги пред меѓународната стручна публика. Без разлика дали се работи за проектанти, производители, добавувачи, оператори или даватели на услуги, саемот WindEnergy Hamburg е место за средба на претставниците на меѓународниот сектор за енергијата од ветер, од водечки светски компании до млади иновативни претпријатија. Како водечки светски технолошки настан, саемот WindEnergy Hamburg е оптимална платформа за деловни контакти, вмрежување и дејствување на глобално ниво.
Саемот им нуди на излагачите и посетителите многубројни можности за воспоставување нови и проширување на постоечките деловни врски. Сè на сè, идеална можност за деловно вмрежување и договарање зделки – на едно место во компактна и концентрирана форма.
Сегменти
- Ветроелектрани на копно
- Ветроелектрани на море
- Производители на ветроелектрани и ветроагрегати
- Производители на делови и добавувачи
- Производство и обработка на материјали
- Инсталирање
- Проектирање
- Управување и одржување
- Електроенергетски систем и складирање на енергија
- Финансирање и осигурување
- Услуги
Доколку сте заинтересирани за излагање на саемот, контактирајте нè за да Ве упатиме во сите поединости.
Контактирајте нèКако службено застапништво на саемот, на стручните посетители им нудиме можност за нарачка на влезници во претпродажба по поповолни услови.
Нарачајте