Spielwarenmesse eG
Саемската куќа Spielwarenmesse eG е основана од 46 производители на играчки во форма на задруга во 1950 година, кога за прв пат се одржа саемот за играчки во Нирнберг. Денеска, задругата брои околу 150 членови и е давател на современи услуги од областа на саемите и маркетингот.
Главен саем во портфолиото на Саемската куќа секако е саемот Spielwarenmesse® како најголем и најзначаен деловен саем за играчки во светот, каде што секоја година се собира глобалниот сектор на индустријата и трговијата со играчки. Водечка позиција на глобално ниво му припаѓа и на саемот SPIEL Essen, најголемиот светски саем за широка публика наменет на друштвените игри. Со цел да го поврзе пазараот на играчки на глобално ниво, саемската куќа Spielwarenmesse eG е исто така организатор на водечкиот деловен саем за играчки во Индија (Kids India), а преку својата програма „World of Toys“ на излагачите исто така им овозможува да настапат на саемите за играчки во Соединетите Американски Држави и на Далечниот Исток.